Azərbaycan dili Bahasa Indonesia Bosanski Català Čeština Dansk Deutsch Eesti English Español Français Galego Hrvatski Italiano Latviešu Lietuvių Magyar Malti Mакедонски Nederlands Norsk Polski Português Português BR Românã Slovenčina Srpski Suomi Svenska Tiếng Việt Türkçe Ελληνικά Български Русский Українська Հայերեն ქართული ენა 中文
Новости
Инсталација на нов сервер

  • georgiu [del]
  • 2008-11-12


Во петок 14.11.2008 ќе инсталираме нов сервер за базата на податоци.

Новиот сервер ќе биде конфигуриран да користи Solid State Drives (SSD), опција која овозможува побрз пристап до податоците на истите дискови.
Првична цел на оваа надградба е да се намали времето на утринските промени кои моментално траат околу 2 часа и за кое време Sokker е речиси недостапен.

Инсталирањето ќе го започнеме рано наутро, но ќе потрае неколку часа додека се завршат сите работи, најмногу поради копирањето на базата со натпревари која е сместена на големи но спори дискови. Сите трансфери ќе бидат пролонгирани според следново:
Ако времето на инсталирање е помало од 8 часа - крајните рокови ќе бидат пролонгирани за истото време;
Ако времето на инсталирање е поголемо од 8 часа - крајните рокови ќе бидат пролонгирани за 24 часа;

Водич за програми и додатоци

  • georgiu [del]
  • 2008-11-12


Следново е додадено во Sokker правилата:

Програмите или скриптите, самостојни или додатоци на прегледувачите, кои
- Ги процесираат или преуредуваат податоците добиени од Sokker
- Го менуваат изгледот или користењето на Sokker страниците
- Додаваат нова функционалност или ги менуваат постоечките функционалности на Sokker страниците
се секако добредојдени од Sokker бидејќи тие вообичаено го унапредуваат искуството на нашите корисници.

Сепак, ако аспектите на овие програми или скрипти се насочени да бидат штетни за играта (на пример со спамирање, намалување на приходот од реклами, зголемување на интернет сообраќајот кон Sokker), Sokker програмерите и администраторите можат:
-Да забранат било какво огласување или дискусија за програмата или скриптата на Sokker форумите.
- Да забранат нивно користење и да ги санкционираат неговите корисници.
- Да превземат соодветна акција против авторот ако е тоа возможно.

Дополнително сакаме да забележиме дека единствен одобрен и обезбеден начин за добивање на податоците од Sokker е преку XML датотеките лоцирани на http://online.sokker.org/xmlinfo.php. Ова е големо количество на податоци кои се обезбедени и дозволени за алатки кои ја зголемуваат Вашата забава на Sokker.

Дозволено е да се користат додатоци за прегледувачите кои го менуваат изгледот на екраните при користење на Sokker страниците доколку тие ги задоволуваат горните услови и не се штетни за самата игра. Sokker сепак нема надзор над развојот над овие додатоци, затоа бидете внимателни при нивното користење затоа што е можно да имаат грешки кои би довеле до некакви проблеми. При било каков проблем прво обидете се да ги оневозможите скриптите пред да ни пратите порака за проблем. Доколку успеете да утврдите кој додаток прави проблем, Ве молиме да се обратите на авторот, директно или преку форумот за тој додаток.

Светско првенство V

  • georgiu [del]
  • 2008-10-24

Светското првенство започна, сега можете да ја поддржите вашата репрезентација во нејзинот пат кон успехот!

32 екипи кои ги поминаа квалификациите се натпреваруваат по групи. Групата А, составена од Италија, Хрватска, Чиле и Полска се чини дека е најтешката група според дискусиите на форумот посветен на светското првенство. Групата Д пак се чини дека е најлесна за опстанок, составена е од Финска, Швајцарија, Словенија и Исланд.

Дали ќе се најде достоен противник кој ќе ја симне од престолот Полска, која на својот пат кон четвртата последователна титула ги победи Мексико со 2-1, Италија 6-0, Франција 5-0 и Англија со 4-0?

Репрезентациите од сезона во сезона стануваат се посилни. Наш предлог е секој од вас да ги следи и навива во натпреварите на вашите фаворизирани држави и играчи. Секој корисник, без разлика дали е нов или искусен, може да научи понешто од селекторите на репрезентациите за тоа како тактиките и стратегиите се прилагодуваат кон играчите за да се извлече најдоброто од нив.

На Одмор

  • georgiu [del]
  • 2008-10-09

Ви ја претставуваме можноста 'на Одмор' наменета за оние корисници кои заминуваат на одмор, или пак нема да бидат во можност да се најават во подолг период од било која причина. Оваа опција ќе овозможи екипата да биде активна кога повторно ќе се најавите во период до 100 дена по активирање на оваа опција. Ќе ја задржите екипата во тој период дури и ако нема слободна екипа во вашата држава.

По првото следно најавување, оваа опција ќе биде автоматски деактивирана така што ќе треба повторно да ја активирате доколку планирате повторно подолг период да не се најавувате (или на пример сте се најавиле следниот ден по активирање на опцијата, а пред да заминете на одмор, внимавајте да ја реактивирате опцијата). Опцијата за штиклирање се наоѓа на страницата со детали за корисникот (кликнете на името на страницата на екипата) под делот за промена на лозинката.

Натпревар за дизајн

  • georgiu [del]
  • 2008-10-06

Размислуваме да го подобриме дизајнот на Sokker во повеќе погледи. За разлика од одењето директно кај графичките дизајнери, како што правевме до сега, би сакале да провериме каков талент имаат нашите ~60k Sokker корисници.

Главните цели и побарувања се следните:
- Намалување на висината на горната лента (со играчите и логото) на најмногу 60-90 точки, што би дало повеќе простор за корисниците кои користат 1024x768 резолуција на екраните
- Промена на играчите во горниот десен агол (кои и онака беа многу критикувани), или дури и промена на целата лента, се со цел да биде помалку детинеста
- тргање на рекламата од страниците на форумите и негово сместување на десната страна на сите страници како што беше во најстариот дизајн, за да новиот дизајн биде стеснат на 120 точки
- исто така да се тргне горниата реклама со димензии 468x60 (меѓутоа одлуката дали да се тргне или не сепак ја оставаме на вас и вашиот дизајн)

Новиот дизајн треба да го користи официјалното Sokker лого, без било каква промена, дури ни на боите

Шемата како новиот дизајн би требало да изгледа е следната:
· Претходен дизајн
· Нов дизајн

Може да испратите или 24 битни слики на вашиот дизајн, или комплетни .css датотеки. Но доколку испраќате само слики, немојте премногу да ги менувате боите, централниот дел сепак би требало да се вклопува во останатите делови кои го опкружуваат, а кои ги менувате, на пример горната лента. Исто така, најверојатно ќе ви требаат моменталните Photoshop датотеки

Наградата е 10 години Plus. Предлозите испраќајте ги на admins@sokker.org. Натпреварувањето завршува ма 2008-10-29.

Сепак, запомнете дека доколку ниту еден предлог не ги задоволува побарувањата, наградата нема да се додели.

Ранг поени

  • georgiu [del]
  • 2008-09-24

РангВоведовме нова страница која ги содржи ранг поените на секоја екипа во државата, подрдени од најдобриот кон најлошиот. Оваа листа може да биде видена преку националната страница, а исто така секоја екипа може да ги дознае своите ранг поени на својата страница. Овие поени се пресметуваат откако постои Sokker, не беа видливи само во XML датотеките.

Ранг поените се пресметуваат на ист начин како и за репрезентациите. Се базираат врз т.н. ELO формула и се одраз на резултатите на сите ваши досегашни натпревари. За повеќе информации околу формулата кликнете
тука

Почнувајќи од наредната сезона, националниот куп ќе се базира на ранг поените, а не на позицијата во лигата, како до сега. Овие поени ќе се користат за да се одреди кои екипи ќе настапуваат во купот, како и наредните мечеви. Со тоа ќе се зголеми важноста на пријателските мечеви, посебно за подолните лиги, затоа што губењето на овие поени може да значи учество во купот или не. На националната страница ќе бидат прикажани екипите кои ќе земат учество во купот, додека тие кои нема да можат да настапуваат ќе бидат означени со сива позадина.

Најдобри 11

  • georgiu [del]
  • 2008-09-24

Секоја лига од сега ќе има линк за најдобрите 11 играчи секое коло. Акцент ќе биде ставен на најдобрите 11 играчи во колото, вклучително 4 одбранбени, 4 централни, 2 напаѓачи и еден голман. Моменталната формула е едноставна, но во план е да ја смениме за да се базира врз повеќе фактори за да прикажувањето на најдобрите 11 биде понепредвидливо.

Ова беше барано од многу корисници, и затоа се решивме да го овозможиме за сите. Се надеваме дека ќе уживате :)

Избори

  • georgiu [del]
  • 2008-09-15

ElectionsПовторно дојде времето за избори! Имаш можност да се кандидираш за национален селектор на било која држава, како и да го дадеш својот глас за кандидатот кој мислиш дека најмногу заслужува да биде селектор на твојата држава!

За пристап до страницата за избори, оди на страницата на соодветната држава, потоа избери ја опцијата Репрезентација, па потоа страница за избори.

Доколку се имаш кандидирано за селектор, препорачливо е да отвориш најмногу една тема во форумите, со префикс [NT] или [НТ]. Те молиме да не ги спамираш форумите, да не праќаш директни пораки до корисниците да гласаат за тебе, ниту да ги спамираш книгите на гости. Било какво нарушување ќе резултира со банирање од форумите и/или финансиска казна. Исто така, доколку си кандидат, НИКАКО немој да поставуваш прашања ниту да дискутираш во темите на другите кандидати. Нивните теми се за нивна лична презентација (и за да корисниците од таа држава им поставуваат прашања), а не за ти да дискутираш со нив.

Те молиме да запомниш дека корисникот кој ќе биде избран за селектор нема да може да се повлече од работата. Затоа кога ќе се нафатиш да бидеш селектор, тоа не е само за забава, туку и твоја одговорност за сериозно и целосно вршење на работата за која корисниците застанале позади тебе и истото го очекуваат од тебе.

Крајниот рок за изборите е 28ми септември, па затоа подготви го својот говор, потпрашај ги кандидатите за нивните цели и секако гласај!

Асоцијации

  • georgiu [del]
  • 2008-09-09

Асоцијации

Ви претставуваме една новина, "Асоцијации". Сега имате можност да формирате или да се приклучите на асоцијации од било какво поле на интерес. На пример, асоцијација поврзана со кошарката, каде ќе дозволите да се приклучи секој кој го дели тој интерес.

Асоцијациите исто така ќе имаат отворен или затворен форум кој ќе биде модериран од основачот, или некој член назначен од основачот. Основачите ќе имаат можност да прифаќаат нови членови, креираат логоа, издаваат написи и доделуваат привилегии на одредени членови. Само членовите на асоцијациите ќе имаат пристап до приватните форуми. Персоналот на Sokker ќе нема пристап до приватните асоцијации (се додека не бидат прифатени), па затоа основачите на асоцијациите ќе бидат одговорни за тоа содржината на форумите да е прилагодена кон генералните правила на Sokker.

Ќе постојат и асоцијации за репрезентациите кои ќе бидат искористени за прикажување на последните новости, листа на скаути, тренери и помошници и било каква информација која селекторите на репрезентациите би сакале да ја објават.

Оваа можност инаку ќе биде достапна само за корнсиците на Плус.
Ве молиме сите проблеми да ги пријавувате на Bugs/Ideas (en), на англиски, со една тема за еден проблем. Ви благодариме и уживајте :)

Нови екипи

  • georgiu [del]
  • 2008-08-22

Процесот на доделување на нови екипи претрпе мали промени. Во државите со најмалку 4 дивизии новите корисници ќе се распределуваат во двете најдолни дивизии (за разлика од како до сега само во најдолната). Ова е направено со цел да се зголеми бројот на корисници кои ќе останат корисници на Sokker. Притоа се водевме од следната статистика:
- Полска задржува 56% од новите корисници (полни лиги, промоцијата е се потешка, 7 дивизии за да се стигне до врвот, но затоа цело време има натпревари со живи противници)
- Австрија задржува 39% од новите корисници (половично пополнети лиги)
- Данска задржува само 14% од новите корисници (кога ќе се регистрирате добивате екипа во лига со ботови)

Се надеваме дека оваа промена ќе го зголеми нивото на заинтересираност на новите корисници кои ќе се најават на играта, како и дека ќе ја направат играта уште поинтересна.